Ѓоковиќ си зеде „годишен одмор“ до ноември

Новак Ѓоковиќ ја имаше една од најдобрите години во кариерата. Србинот триумфираше на три гренслем-турнири, а на Вимблдон играше во финалето. Следната мисија на Ѓоковиќ е да го задрши првото место на АТП-листата и по рекорден осуми пат да ја заврши годината како најдобар.

Според планот што го направи, Ѓоковиќ ќе настапи само на уште три натпреварувања. Тој реши да го пропушти Мастерсот во Шангај и ќе се подготвува за Мастерсот во Париз, кој ќе биде на почетокот на ноември. Минатата година Ѓоковиќ играше финале во Париз, но загуби од Руне.

По Париз, ќе следува завршниот Мастерс во Торино, на кој Србинот триумфираше лани. Последното натпреварување на кое ќе се појави Ѓоковиќ во 2023 година е финалниот турнир во Дејвис купот, каде што Србија во четвртфиналето ќе игра против Велика Британија. Дејвис купот ќе се игра од 21 до 26 ноември.

- Оглас -

Најнови вести