Ѓоковиќ сигурно ќе биде прв уште еден месец, а потоа?

Новак Ѓоковиќ вечерва игра против Матео Беретини од Италија во четвртфиналето од Ролан Гарос. Српскиот тенисер е голем фаворит за пласман во полуфиналето, што ќе значи и чекор напред кон целта, а тоа е освојување на турнирот.

Откако синоќа од турнирот испадна Данил Медведев, стана јасно дека Ѓоковиќ ќе остане прв на АТП-листата уште некое време. Медведев сигурно нема да може да го загрози првото место на Ноле, барем до завршување на следниот гренслем, а тоа е Вимблдон во Лондон. Во една ваква ситуација, јасно е дека Србинот ќе стигне до 328 недели поминати на чело на АТП.

Какви се калкулациите за понатаму? Во случај Ѓоковиќ да не успее да го одбрани Вимблдон, ќе загуби голем број бодови, а Медведев, кој е закана за Ноле, на последниот гренслем во Лондон стигна само до третото коло, што значи дека може да добие многу поени по завршување на овој турнир.

Сепак, ако Ноле успее во Париз да триумфира на Ролан Гарос, тогаш речиси сигурно Србинот ќе остане на челната позиција на АТП-листата до крајот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести