Ѓоковиќ скија во Вал Гардена (Видео)

По успешно завршената работа на Отвореното првенство на Австралија, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да се релаксира на скијање, а не го криеше задоволството од тоа, па снимката која сам ја направи, ја сподели на „Инстаграм“.

Додека се спушташе низ патеката во познатиот ски-центар Валгардена, насмеаниот од задоволство Ѓоковиќ извикна: „Кавабунга“.

Новак во февруари нема да учествува на турнири, а следен предизвик му е Мастерсот во Индијан Велс, кој почнува на четврти март. Скијањето во слободниот период им е забрането на спортисти од екипните спортови, како фудбалери и кошаркари, но тој не се плаши од ризикот за можна повреда при скијањето дозволувајќи си разонода.

- Оглас -

Најнови вести