Новак Ѓоковиќ денеска полни 37 години, а роденденот ќе го прослави на тенискиот терен, и тоа на турнирот во Женева, каде што првпат ќе игра. Тоа е турнир од Серијата 250 на кои Новак ретко настапува, но овојпат реши да игра за да му биде последна подготовка пред стартот на Ролан Гарос.
„Причината поради која дојдов тука е затоа што сакам да играм. Во овој момент чувствувам дека најдобра подготовка за мене е да бидам дел од турнирите. Почувствував дека ми се потребни повеќе натпревари. Без разлика дали тоа ќе биде еден, два, три или четири. Ова е вистинскиот пат да ја најдам вистинската форма пред настапот на Ролан Гарос“, вели Ѓоковиќ пред денешниот дуел со Јаник Хафман.
Ноле посака една желба, а тоа е летово да ја освои единствената голема титула која му недостасува во кариерата, златниот медал на Олимписките игри во Париз.