Новак Ѓоковиќ е во период за одмор и релаксирање, кој го користи за повеќе време да помине со неговата сопруга Јелена. Ноле и Јелена биле забележани како шетаат низ Нови Сад, кога во еден момент тенисерот забележал уличен музичар, дошол до него и му дал некоја пара за трудот што го вложува да ги развесели минувачите.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ во Нови Сад бил на концерт на Жељко Самарџиќ, а моментно се подготвува за АТП-турнирот во Дубаи, каде што треба да настапи од 27 февруари. Најдобриот тенисер во светот уште чека одговор дали ќе добие дозвола за настап на турнирите во САД, на Индијан Велс и Мајами.