Новак Ѓоковиќ со убедлива победа од 3-0 над молдавскиот тенисер Раду Албот го започна настапот на ОП на САД. Оваа победа е историска за српскиот тенисер бидејќи е рекордна, 78-ма, која ја оствари на најголемата тениска арена во светот „Артур Еш“, која има капацитет за 23.771 гледачи.
Србинот лесно дојде до победата над 138-миот тенисер на АТП ранг-листата откако првите два сета ги доби со 6-2, додека третиот со 6-4. Ѓоковиќ оваа победа им ја посвети на своите браќа Марко и Ѓорѓе, кои веќе не се занимаваат со тенис, но во минатото губеа токму од молдавскиот тенисер.