Првиот ден од тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз беше успешен за првиот носител, Србинот Новак Ѓоковиќ, кој за само 53 минути го совлада 36-годишниот специјалист за игра во двојки, Австралиецот Метју Ебден, со 6:0, 6:1.
Ебден доби можност да игра во поединечна конкуренција поради бројните откажувања.
Ебден нема ни ранкинг во сингл и на турнирот влезе како замена поради споменатите откажувања.
Ѓоковиќ поради таа одлука ги критикуваше организаторите.
„Жал ми е за Ебден, тој не игра сингл. Не ги разбирам тие правила кога некој ќе се откаже, тие повикуваат играч од двојки да пополни сингл, а толку многу играчи сонуваат за настап на Игрите. Тоа не е соодветно за турнирот и за гледачите, бидејќи тоа не е тој нивен контекст на конкуренција“, изјави Ѓоковиќ.
Во второто коло Ѓоковиќ би можел да игра против легендарниот ривал Рафаел Надал, ако Шпанецот го победи Мартон Фучович. Но, тој сѐ уште нема одлучено ниту дали ќе игра во поединечна конкуренција или само во двојки, со оглед на повредата.
„Долго не сме играле меѓусебно, неколку години. Мислам дека последниот пат беше тука, на Ролан Гарос во 2022 година. Имавме епски, спектакуларни мечеви на овој терен. Долго не игра врвен тенис, но не играм ни јас“, истакна Србинот.