28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ѓоковиќ со мангупски потег: пред навивачите се појави со заштитна кацига и даваше автограми (Видео)

Новак Ѓоковиќ се чувствува добро по вчерашниот инцидент кога со шише беше повреден во главата. Додека Ѓоковиќ даваше автограми на фановите, од ранецот на еден навивач испадна шише кое заврши директно во главата на најдобриот тенисер во светот.

Србинот падна и се пожали на повреда на главата, па заврши и во болница. За среќа, повредата е минимална, а Ѓоковиќ денеска повторно се појави пред навивачите и направи вистински хаос.

Со кацига на главата Ноле се чувствуваше многу посигурно од вчера. Едноставно и од еден немил настан, Србинот успеа да направи шега и повторно да ги освои симпатиите кај фановите.

https://twitter.com/i/status/1789247903854129303

- Оглас -

Најнови вести