21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ѓоковиќ со нов имиџ, фановите поделени, на некои им личи на Меси кога имаше брада (Фото)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на одмор на планината Дурмитор во Црна Гора, а таму фанови се фотографираат со него и ги објавуваат сликите, па се гледа дека популарниот Ноле одамна се нема избричено.

Ѓоковиќ се опуштил, има пуштено брада, ретко кој го видел ваков брадосан, па тоа предизвика разни коментари, меѓу кои можеби и најинтересниот е дека Новак личи на Лионел Меси од времето кога аргентинскиот фудбалер имаше брада.

Има и такви кои повеќе го сакаат оригиналниот Ноле, без брада, но за вкусовите не се разговара.

Ѓоковиќ уште оваа недела ќе одмора, а потоа почнува со подготовки за Мастерсот во Синсинати, кој е своевидна генерална проба пред последниот грен-слем годинава, Отвореното првенство на САД.

- Оглас -

Најнови вести