19.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Ѓоковиќ со објава на Инстаграм сакаше да порача нешто околу крајот на кариерата?

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, веќе две години не може да освои гренслем и многумина се прашуваат до кога ќе игра и ќе се обидува да дојде до 25-тата гренслем титула, а тој никогаш директно и конкретно не одговара на прашања околу пензионирањето.

Затоа голем интерес предизвика неговата објава на Инстаграм, на која го има неговиот говор после освојувањето на Австралијан опен во 2023 година, што беше негова рекордна десетта титула во Мелбурн. Австралијан опен се игра во јануари, тоа е првиот гренслем во 2026 година и некои сметаат дека оваа објава на 38-годишниот Новак е најава дека ќе се појави таму во последен обид да го освои уште еднаш.

Сонувајте на големо, осмелете се да сонувате, бидејќи сè е можно. Не дозволувајте никој да ви го одземе сонот. Не е важно од каде доаѓате. Всушност, мислам дека колку потешко детство имате, колку повеќе тешкотии и предизвици имате, толку посилни станувате – рече Ноле во тоа видео и додаде:

Навистина не дозволувај никој да ти го одземе тој сон. Негувај го, полевај го како што полеваш цвеќиња. Дури и ако најдеш само една личност на овој свет која ќе ги прифати, прегрне и поддржи твоите соништа, пронајди ја таа личност и сонувај големо, затоа што можеш“. 

 

- Оглас -

Најнови вести