Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ вчера се збогува со навивачите на Реал Мадрид откако го одигра својот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Лука доби овации од трибините и благодарност од навивачите за сè што направи за клубот откако дојде во 2012 година. Капитенот на мадридскиот гигант ќе одигра уште неколку натпревари за клубот, но во САД на Светското клупско првенство, далеку од навивачите кои вчера беа на стадионот.
По тој повод се огласи и тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој му испрати порака преку социјалните мрежи: „Лука, легендо“.
Вака Србинот му честиташе на Модриќ за успесите и достигнувањата во кариерата. Ѓоковиќ е познат по тоа што често јавно ги поддржува спортистите од регионот и постојано го истакнува Модриќ како пример за професионализам, упорност и спортски дух.