Синоќешната победа на Новак Ѓоковиќ над Данецот Холгер Руне му донесе нови 200 поени со коишто го осигури првото место на АТП ранг-листата до крајот на годината. Со тоа тој постави два рекорда за кои се мислеше дека нема никогаш да бидат соборени.
За најдобриот тенисер на сите времиња ова ќе биде осми пат да ја заврши годината на првото место, што е веќе рекорд бидејќи Пит Сампрас има шест први места. Новак Ѓоковиќ стана и најстариот тенисер, со 36 години, кој успева да ја заврши годината на првото место, со што за две години го подобри сопствениот рекорд од 2021 година.
Откако ќе заврши АТП Мастерсот во Торино, Ѓоковиќ ќе биде и првиот тенисер во историјата кој успеал 400 недели да биде водечки на АТП ранг-листата.