21.8 C
Skopje
сабота, 30 август 2025

Ѓоковиќ со порака до противниците: Подобар сум од било кога!

Новак Ѓоковиќ повторно мораше да одигра четири сета за да стигне до нова победа на САД опен. Со 3:1 во сетови го победи Камерон Нори. Вториот сет го загуби Србинот и тоа во тајбрејкот. Тогаш се пожали и на болки во грбот, па мораше да бара и медицински тајм-аут.

Потоа Ѓоковиќ се врати и доминантно со 6:2 и 6:3 ги доби следните два сета за пласман во четвртото коло.

„Во вториот сет падна нивото на сервисот, односно на играта. Направив неколку грешки. Мислам дека на овој меч имав најдобри сервиси на турниров и затоа морам да бидам задоволен“, вели Ѓоковиќ, кој потоа се осврна и на повредата која ја имаше во текот на мечот.

„Мојот тим едноставно сака јас да патам и да се мачам“, низ смеа рече Ноле, а потоа продолжи: Гледајќи низ таа перспектива, добро ми дојде таа пауза. Се обидувам да го најдам својот ритам. Денеска играв можеби и најдобар тенис на турниров. Благодарам и на публиката што ме бодреше. Постојат падови и блесоци. Нема да откривам ништо. За противниците кои ме гледаат, подобар сум од било кога“, рече Ѓоковиќ по победата над Нори.

- Оглас -

Најнови вести