32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Ѓоковиќ со порака по операцијата: Ќе направам сè што е можно побрзо да се вратам на терен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по операцијата на коленото во Париз, имаше објава на социјалните мрежи во која истакна дека сѐ поминало добро и дека ќе даде сѐ од себе што поскоро да се врати на тениските терени.

Ѓоковиќ се повреди во осминафиналето на Ролан Гарос против Аргентинецот Франциско Серундоло, а поради повредата без борба му го предаде четвртфиналниот меч на Норвежанецот Каспер Руд.

„Вчера морав да донесам тешки одлуки откако го скинав менискусот на мојот последен меч. Среќен сум што можам да ве известам дека операцијата помина добро. Навистина го ценам тимот на лекари кои беа покрај мене, како и огромната поддршка што ја добив од моите навивачи“, вели актуелниот светски рекет број 1.

„Ќе дадам сѐ од себе да бидам здрав и подготвен да се вратам на терените што е можно поскоро. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одимее”, порачува Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ в понеделник ќе биде симнат од првото место на АТП-листата.

Не е познато колку долго ќе трае паузата, но најверојатно ќе го пропушти гранслемот Вимблдон и би се вратил во јули за Олимписките игри во Париз, кои почнуваат на 27 јули.

- Оглас -

Најнови вести