Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос се елиминирани на на турнирот во Бризбејн, во игра на двојки. Во неверојатно возбудлив меч, тие беа поразени од Никола Мектиќ и Мајкл веус со 6:2, 3:6, 10:8.
Ноле и Ник го загубија првиот сет, потоа успеаа да израмнат на 1:1 добивајќи го вториот сет, но немаа сили да направат целосен пресврт. Во овој меч во двојки, беше одигран и еден од најлудите тениски поени што некогаш сте ги виделе.
Novak Djokovic and Nick Kyrgios played one of the craziest points you will ever see. 🤯pic.twitter.com/TwkupXcNhS
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 1, 2025
По овој пораз, Ѓоковиќ ќе може целосно да се фокусира во синг конкуренцијата, каде е во атак на освојување јубилејниот 100 АТП турнир. Српскиот тенисер го помина првото коло, а сега следен ривал му е Гаел Монфис.