15.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Ѓоковиќ на подарок доби дрес на Дражен Петровиќ

Новак Ѓоковиќ најави дека во Задар ќе има тениско шоу во наредните неколку денови, кога ќе се игра втората тура од Адрија турнирите во организација на најдобриот тенисер во светот. Српскиот тенисер денеска доби и посебен подарок. Во Задар дојде Бисерка Патровиќ, мајката на легенданиот кошаркар Дражен Петровиќ, која на Ѓоковиќ му подари дрес од препрано починатиот кошаркар.

Ѓоковиќ со задоволство го прими подарокот и веднап возврати подарувајќи еден од своите тениски рекети.

„Ви благодарам што дојдовте госпоѓо Бисерка. Ова е прекрасен подарок. Што да кажам за Дражен, тој е икона на спортот. Цела Америка и целиот свет му се восхитуваше. Имав можност да слушам неколку ваши интервјуа, а најголем впечаток ми остави тоа од документарецот „Еднаш браќа“. Чест ми е што сега стојам тука до вас“, рече Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести