Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Рики Хиџиката во првото коло на АТП 250 турнурот кој се игра на тврда подлога во австралискиот град Бризбејн.
Србинот го победи Австралиецот со 6-3, 6-3 во меч на којшто Новак не загуби ниту еден гејм на свој сервис. Ова беше последен меч за Ѓоковиќ во 2024 година, која не му беше успешна ако се гледаат АТП-турнирите, но го освои толку очекуваниот и посакуван златен олимписки медал.
Ѓоковиќ ја очекува својата 100-та титула во кариерата, а следна пречка на патот му е Французинот Гаел Монфис, против кого има максимални 19 победи во досегашните нивни 19 меѓусебни дуели.