Ѓоковиќ со свое предвидување: Италија нека загуби попладне, но да победи вечер

Лондон денеска е центарот на светскиот спорт. На Вимблдон се игра финалето, а неколку часа подоцна и неколку километри подалеку, на „Вембли“ ќе се игра финалето на Европското фудбалско првенство. Финалето на Вимблдон е закажано за 15 часот, а за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини.

Србинот кој е светски рекет број 1 на АТп листата е голем фаворит, додека Беретини е првиот Италијанец кој стигнал до финале на Вимблдон. Освен на тенискиот Гренд слем, цела Италија ќе биде фокусирана и за финалето на ЕП, каде нивната репрезентација ќе игра против домаќинот Англија.

Ѓоковиќ беше запрашан од италијанските медиуми што мисли за двете денешни финалиња, а одговорот беше очекуван.

„Фудбал и тенис, Мама миа Италија, фантастично. Се надевам дека тоа ќе бидат две сјајни финалиња, но дека Италија ќе победи само во тоа финале што ќе се игра вечерта“, рече Ѓоковиќ, кој планира денеска да стигне до јубилејната 20-та Гренд слем титули и со тоа да се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Матео е еден од најдобрите тенисери во изминативе 12 месеци. Имаше неколку фанстастични победи и постојано напредува. Форхендот му е силно оружје, а играта на трева него повеќе му одговара отколку на мене. Сепак, јас верувам во мојот ритерн и во квалитетите кои ги имам“, додаде Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести