Ѓоковиќ со трета титула во Белград се загреа за Ролан Гарос (видео)

Новак Ѓоковиќ по третпат во кариерата и по пауза од 10 години го освои АТП турнирот во родниот Белград, откако во финалето славеше со 6-4, 6-3 против 255-то рангираниот Алекс Молчан. Првиот светски рекет ја заврши работата за околу час и половина и на добар начин се загреа за настапот на Ролан Гарос, каде што уште утре го чека дуел против Тенис Сандгрен во првото коло.

Ѓоковиќ беше изненаден на стартот од финалето откако Словакот трипати му украде гем на негов сервис, од кои еден брејк беше уште во првиот гем. Србинот на тоа одговори со четири брејка во првиот сет со кои еден од нив дојде до предност од 1-0.

Гем за гем се играше до 3-2 при водство на фаворитот, па Ѓоковиќ тоа го искористи да направи прв исчекор кон трофејот со два врзани брејка, за потоа да му биде доволна втората меч топка да слави победа.

- Оглас -

Најнови вести