Ѓоковиќ со загрижувачка изјава: Далеку е од тоа дека се е добро

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон и сега негов следен ривал ќе биде Холгер Руне. Српскиот тенисер пред само еден месец имаше операција на коленото, но закрепна и веќе помина три кола на Гренд слемот во Лондон.

Сепак, популарниот Ноле вели дека ситуацијата со повредата не е целосно историја и дека секојдневно се работи на подобрување на неговите прформанси.

Ѓоковиќ „Мило ми е што мислите дека се е во ред и така треба да делува, но далеку е од тоа дека се е ок. Мислам дека движењето ми е многу подобро отколку на првите два меча. Послободен сум во тој поглед, но далеку е дека се е во ред. Постојано се работи за да бидам оспособен за секој нареден меч“, рече Ѓоковиќ по синоќешниот триумф од 3:1 во дуел кој траеше повеќе од три часа.

 

- Оглас -

Најнови вести