36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ѓоковиќ спремен за ново пумпање, голем фаворит е за победа против „Демонот“

Новак Ѓоковиќ попладнево ќе се сретне со Алекс Де Минор во осминафиналето на тенискиот гренслем турнир Вимблдон, една година откако тие лани требаше да играат еден против друг во четвртфиналето на истиот турнир, но мечот не се одигра поради повреда на Австралиецот.

Судбината пак ги спои и овојпат нема одложување, ќе си ги одмерат силите. Тие четири пати играле меѓусебе, Новак води 3-1, а секогаш победникот триумфирал убедливо, без загубен сет.

Де Минор кој е роден во Австралија, има татко Уругваец и мајка Шпанка, а поради презимето, има прекар Демон. И тој и Ѓоковиќ на патот до осминафиналето загубија само по еден сет, па може да има борба, иако Србинот е огромен фаворит според квотите во Sport Life.

Ѓоковиќ има 100 победи на Вимблдон, но не сака да застане тука, целта му е титулата до која го делат уште четири натпревари. Тој најави дека сите победи на Вимблдон годинава ќе ги прославува со „пумпање“, со што испраќа порака на поддршка на протестите против власта во Србија, иако славниот тенисер објаснуваше дека со симулирањето на пумпање не станува збор за политика туку за некаков танц што го играле дома кога слушале песни.

- Оглас -

Најнови вести