21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ѓоковиќ среќен бидејќи сруши една „клетва“. Прв пат победив кога Федерер ме гледа од трибините

Новак Ѓоковиќ го продолжува патот кон јубилејната 25-та гренд слем титула, откако се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Српскиот тенисер со 3:1 во сетови го победи Алекс де Минор и по 16-ти пат се најде меѓу најдобрите осум на Вимлбдон.

По победата, Ѓоковиќ беше среќен затоа што успеа да се врати во игра и тоа на меч на кој првиот сет го загуби со 6:1.

„Немав добар старт, три пати го загубив мојот сервис во првиот сет. Немав многу решенија, но успеав во вториот сет да се вратам. Откако го добив тој сет, почувствував дека се враќам во игра. Секако, сакам да победувам без да изгубам сет, ако можам. Турнирот е таков, како што напредува од ден на ден, станува сè потешко и потешко, а противниците се потешки. Почнав нервозен и сето тоа се одрази во мојата игра во првиот сет“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ посебно беше среќен бидејќи успеа да победи додека од трибините го гледаше неговиот голем ривал од минатото и еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер.

„Имаше проблеми, а немам иста игра на сервис-волеј како господинот во ложата (Федерер). Не можам да се жалам. Сè уште имам многу предизвици, морам да ја измешам мојата игра и тоа беше мојата цел, да се прилагодам на сите услови на теренот. Ова е веројатно прв пат Федерер да ме гледа и да победам. Роџер е голем шампион и некој што го почитувам и многу му се восхитувам и секогаш е убаво да го видам. Ова е неговиот омилен турнир и нема сомнение за тоа“, рече Ѓоковиќ веднаш по победата над Де Минор.

- Оглас -

Најнови вести