Ѓоковиќ среќен што синоќешниот меч не бил прекинат

Новак Ѓоковиќ во четири сета го совлада Тим Ван Рајтховен и негова среќа е што „забрза“ во третиот и четвртиот сет, кои ги доби со 6-1 и 6-2, па не мораше дуелот синоќа да биде прекинат и да продолжи денеска.

Србинот не ни знаел дека уште е на сила тоа правило, дека ако некој меч на Вимблдон не заврши до 23 часот по локално време, продолжува утредента.

„Ѝ благодарам на публиката што остана до доцна за да гледа. Имав среќа, фала му на Бога што мечот се заврши 20 минути пред терминот за прекин. Имам некои искуства од играње два ден, и не е пријатно ако не можеш мечот да го завршиш во еден ден“, изјави Ѓоковиќ.

Во следното коло (четвртфинале), главниот фаворит за титула на Вимблдон ќе игра против Италијанецот Јаник Синер, кој во осминафиналето го елиминира Карлос Алкараз.

- Оглас -

Најнови вести