22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Ѓоковиќ сруши уште еден голем рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 420-тата недела како најдобар тенисер според ранг-листата на АТП. Србинот, кому како најнов предизвик му е мастерсот во Монте Карло, на врвот на листата е со 9.725 поени. На следниот турнир во Монте Карло, Ѓоковиќ ќе брани само 90 поени затоа што минатата сезона испадна во третото коло.

Од денеска второто место на АТП-листата е за Јаник Синер. Младиот италијански тенисер има 8.710 бодови, а трет е Карлос Алкарас со 8.645 поени. Шпанецот лани не играше во Монте Карло и сега атакува на 1.000 поени.

Ѓоковиќ со останувањето на врвот на АТП-листата сруши уште еден рекорд. Српскиот тенисер сега е најстариот тенисер кој бил на врвот на АТП-листата, надминувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Популарниот Ноле денеска има 36 години и 322 дена и со тоа е најстар тенисер кој бил на врвот на АТП-листата.

- Оглас -

Најнови вести