26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Ѓоковиќ станува „Грк“: по САД опен замина во Атина, на Адетокумбо му посака среќа на ЕП

Новак Ѓоковиќ по завршувањето на САД опен, е снимен како игра тенис со синот Стефан во Глифада, јужно од Атина, и тоа беше доволна причина повторно да се актуелизираат муабетите за негова преселба во главниот грчки град.

Наводно Новак добил „Златна виза“ од Грција и ги запишал децата во приватно британско училиште во Атина. Се очекува есенва Новак, Јелена и двете деца и дефинитивно да се преселат во Атина.

Ѓоковиќ им даде поддршка на грчките кошаркари на Евробаскетот. На објава на Јанис Адетомумбо, Новак му искоментира: „Паме“ (на грчки Одиме) додавајќи грчко знаме.

- Оглас -

Најнови вести