Новак Ѓоковиќ со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови лесно го совлада Џон Иснер на стартот од финалниот турнир на АТП, кој се игра во Лондон. Првиот светски рекет без поголеми проблеми стигна до премиерната победа, му беа потребни точно 74 минути за прво славје.
Неизвесно беше до 2-2 во првиот сет, а потоа Новак го направи првиот брејк, но ја пропушти првата сет топка при 5-3, по што Иснер за момент се одржа во живот. При негов сервис, Ѓоковиќ поведе со 1-0 освојувајќи го клучниот гем без изгубен поен. Со два брејка во вториот сет, Ѓоковиќ ја искористи третата меч топка, а сетот го заврши за половина час.