Новак Ѓоковиќ рутински го победи турскиот тенисер Талон Гриекспор со 3:0 во сетови и ја мина и втората пречка кон историја и конечен триумф на Отвореното првенство на Америка, што би му ја донело рекордната 21-ва гренслем-титула.
Србинот загуби само 7 гема, славеше со 6:2, 6:3, 6:2 и се пласира во третото коло. Новак очекува и комплетирање на популарниот Греншлем, односно да ги има сите четири пехари од четирите гренслема во иста година.
За тоа му требаат уште пет победи, а следен ривал ќе му биде Јапонецот Кеј Нишикори. Многу интересен меч одиграа Џек Сок и Александер Бублик, што заврши со победа на домашниот тенисер од 3:2.
И покрај тоа што успеа да сервира фантастични 40 аса, Бублик не го најде патот до победата и е елиминиран во второто коло.
Шаповалов успеа со 3:0 да го победи Карбалес Баена, што е очекуван исход бидејќи Канаѓанецот е еден од фаворитите од сенка на последниот гренслем-турнир во сезоната.
Кај дамите, Роџерс ја надигра Кирстеа и славеше со 2:0, Андрееску со ист резултат ја елиминира Дејвис, како и Томљановиќ против Мартиќ, а Каролина Плишкова со 2:1 славеше против Анисимова.