Новак Ѓоковиќ покажува дека брзо се врати во препознатливата форма и продолжува да ги „меле“ противниците на теренот. Утрово, само за 50 минути успеа да го победи Французинот Лукас Пуј и да се пласира во полуфиналето на Ракутен опен АТП 500 турнирот во Токио.
Првиот сет траеше само 22 минути, а Пуј успеа да освои само девет поени во текот на целиот сет, па на крајот го загуби со 1:6. Во вториот сет, Ѓоковиќ продолжи во ист ритам, но Пуј успеа малку подолго да издржи, па на крајот беше 6:2.
https://twitter.com/atptour/status/1180003814016839680