24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ѓоковиќ стигна во Лондон: Го паметам вкусот на тревата, и уште сум гладен! (Видео)

Без разлика дали на најславниот тениски турнир кој се игра на тревната подлога ќе влезе како прв или втор на АТП листата, Новак Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит за титулата на Вимблдон.

Ниту самиот Србин не бега од улогата на фаворит и најавува поход на 24-тата грен-слем титула во кариерата.

Турнирот почнува за десет дена, а Новак веќе е во Лондон и одработе тренинг на трева. Ако го освои Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се изедначи со Роџер Федерер со по 8 титули на овој турнир. Заштитен знак на Новак е после секој освоен Вимблдон, да пробува од тревата на централниот терен.

„Се сеќавам на вкусот, и уште сум гладен“ – порача Ѓоковиќ во описот на видеото во кое јаде од тревата на која тренираше.

- Оглас -

Најнови вести