27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ѓоковиќ стигна во Њујорк, и почна да танцува од среќа (Видео)

Новак Ѓоковиќ беше одлично расположен кога пристигна во тенискиот комплекс на „Флешинг медоус“ во Њујорк каде се игра Отвореното првенство на САД.

Србинот пристигна со танцување пред да се прегрне со една од организаторките на турнирот.

Поминаа две децении од неговиот прв настап на САД опен, а Ноле е амбициозен да го освои својот 25-ти гренслем трофеј. Тој ги пропушти сите турнири по Вимблдон кадр испадна во полуфиналето.

Сега, очигледно освежен треба да излезе на терен во мешани двојки заедно со неговата сонародничка Олга Даниловиќ. Србите ќе се соочат со Мира Андреева/Данил Медведев, а доколку победат, би можеле да се сретнат со новоформираното дуо Алкарас/Радукану.

Новак е четирикратен шампион на Отвореното првенство на САД, а заедно со Јаник Синер, се единствени кои стигнаа до полуфиналето на трите гренслема во 2025 година!

- Оглас -

Најнови вести