Ѓоковиќ стисна гас до даска, за помалку од 80 минути го мина второто коло на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ експресно го совлада Рикардас Беранкис и се пласираше во третото коло на гренслем-турнирот во Париз, популарниот Ролан Гарос. Тенискиот светски рекет број 1 славеше со убедливи 6-1, 6-2, 6-2, во меч кој траеше 83 минути, од кои пет беа потрошени за медицински тајмаут.

За Новак, ова беше трета победа во дуелите со Беранкис, против кого нема загубено ниту еден сет. Откако Србинот ги доби првите два сета само за 54 минути игра, Литванецот побара лекарска помош, се жалеше на болки во грбот, а противникот со фуриозна игра му ги скрати маките. За Ѓоковиќ ова е 70-та победа на земјените терени во Париз, со што се изедначи со Роџер Федерер.

Во третата рунда, Ѓоковиќ ќе се сретне со Давид Галан Риверос од Колумбија.

- Оглас -

Најнови вести