Ѓоковиќ танцуваше како да е во диско, па го крена пехарот за најдобар тенисер во 2023 година (Видео)

Новак Ѓоковиќ го крена големиот пехар кој се доделува за тенисерот кој годината ја завршил на прво место на АТП-листата.

Србинот по рекорден осми пат во кариерата, една календарска година ја завршува на врвот на ранг-листата, никој друг нема повеќе од шест. Ѓоковиќ ова признание првпат го доби во 2011 година, а сега е 36-годишен и уште подоминантен отколку пред 12 години. Ѓоковиќ е највозрасен тенисер во историјата кој една година завршил на прво место, а наскоро ќе стане и првиот со 400 недели како светски рекет број 1.

Втор е Шпанецот Карлос Алкарас, кој денеска на завршниот Мастерс во Торино загуби од Александар Зверев со 1-2 во сетови.

Пред да го крене трофејот, Ѓоковиќ беше одлично расположен и покажа танцувачки способности:

- Оглас -

Најнови вести