Италијанскиот тенисер Јаник Синер бил позитивен и тоа два пати за време на Мастерсот во Индијан велс кој се играше пред неколку месеци, но не доби суспензија. Иако најголем дел од фановите, но и тенисери беа лути поради одлуката Синер да не биде казнет, иако е суспендиран, Новак Ѓоковиќ застана зад еден од најголемите ривали кои ги има во моментов.
„Ова е пример зошто ја основавме ПТПА (Здружението на професионални тениски играчи), кое ги застапува играчите. На Турот разговаравме околу тоа колку тенисери може да живеат од тенисот. Многу теми обработува ПТПА. Кога се работи за случајот на Јаник, тука ПТПА секогаш се залага за јасни, стандардни протоколиЈа разбирам фрустрацијата на другите тенисери, бидејќи нема конзистентност. Колку што разбирам, неговиот случај веќе беше решен кога беше објавен, а поминаа пет-шест месеци откако тој и неговиот тим ја добиле и ја знаеле одлуката. Има проблем во системот и јасно ми е зошто другите играчи се прашуваат дали добиваат ист третман“, рече Ѓоковиќ.
Синер сега го чека настапот на САД опен, каде е прв носител и еден од главните фаворити за трофејот.