Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, попладнево (мечот нема да почне пред 16 часот) го почнува својот поход по 25-тата гранслем-титула во кариерата.
Прв противник му е Американецот Мекензи Мекдоналд, тенисер против кого Новак досега никогаш не се сретнал. Јасно е дека Србинот е огромен фаворит против 30-годишниот Мекдоналд, кој годинава нема победа на земјена подлога и е 98-ми на АТП листата.
Ако ја мине првата пречка, потоа во второто коло Ѓоковиќ би играл против француски ривал, а можни ривали му се Корентен Муте (73-то рангиран) или квалификантот Табур (280-ти на АТП-листата).