Ѓоковиќ убедливо стартуваше на Вимблдон: Србинот го сушеше теренот и потоа по брза постапка го реши Аргентинецот (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласира во второто коло на гренслем-турнирот во Вимблдон откако со 3:0 во сетови го победи Аргентинецот Педро Качин.

Првите два сета Ѓоковиќ ги доби со по 6:3, а во третиот сет беше повозбудливо. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и мораше да се игра тајбрејк, а таму Србинот е неприкосновен и го доби со 7:4 за триумф во меч кој траеше малку повеќе од два часа, но имаше и пауза од над еден час.

По завршување на првиот сет, имаше пауза поради дожд, а и во таа пауза Ѓоковиќ реши да ги анимира гледачите и со крпа глумеше како го суши теренот.

https://twitter.com/i/status/1675872584305352704

 

- Оглас -

Најнови вести