Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, убедливо е прв на АТП-листата, дури и по тешкиот кикс во Индијан Велс дополнително им побегна на ривалите, но во оваа 2024 година уште нема освоено ниту еден турнир.
Три и пол месеци без трофеј е нешто необично за Новак.
„Не сум навикнат на вакво нешто. Во поголем дел од кариерата годината ја почнував со гранслем-титула или титула во Дубаи или некој друг турнир. Тоа е дел од спортот, треба да го прифатите, некои турнири ги освојувате, некои не. Се надевам дека наскоро ќе ја прекинам ова негативна динамика, на последните три-четири турнири играм многу послабо од моето вообичаено ниво“, изјави Ѓоковиќ по поразот од Лука Нарди, кој неодамна загуби од 469-тиот на АТП-листата, а утрово приреди сензација со триумфот над тенисерот од кого има постер во неговата соба.