21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е голем џентлмен (Видео)

На Новак Ѓоковиќ му беше доволно да одигра еден сет против Алехандар Давидович Фокина за да се пласира во следното коло на Мастерс турнирот во Синсинати. Србинот го доби првиот сет со 6:4, а само што започна вториот сет, Давидович Фокина мораше да го предаде мечот поради повреда.

По предвремениот крај на мечот, Ѓоковиќ со аплауз го испрати противникот, покажувајќи дека е вистински спортски џентлмен.

Следен ривал на Ѓоковиќ е Гаел Монфилс, тенисер кој го има победено 18 пати во 18 нивни дуели, што значи дека има перфектен биланс.

https://twitter.com/i/status/1692046532546105608

 

- Оглас -

Најнови вести