Ѓоковиќ категоричен: Не се вакцинирам, желен сум да играм, но не зависи само од мене

Новак Ѓоковиќ во интервју за Српската радио телевизија (РТС) уште еднаш потврди дека не планира да се вакцинира, но и тоа дека напорно тренира за турнирот во Дубаи.

„Во моментов не зависи ништо од мене, туку од правилата на турнирите. Знам дека можам да играм во Дубаи, напорно тренирам и имам голема желба да играм на гренслем-турнирите и Мастерсите. Правилата константно се менуваат, а јас сакам да играм. Во моментов не планирам да се вакцинирам и подготвен сум да ги сносам последиците од моите одлуки! Тоа е одлука која сум ја донел свесно и совесно“, рече Ѓоковиќ, кој додаде дека се бори за тоа секој човек сам да одлучува за своето здравје.

Засега челниците на Мастерсот во Рим најавија дека го канат Ѓоковиќ да биде дел од нивниот турнир кој традиционално се игра во мај.

- Оглас -

Најнови вести