Ѓоковиќ утре игра два меча во Париз и знае што му треба за да биде број 1 на крајот на годината

Новак Ѓоковиќ утре на Мастерсот во Париз ќе треба да игра два натпревара, по еден во сингл (против Томас Мартин Ечевери) и во дубл, каде што партнер му е Миомир Кецмановиќ, а вечерашниот кикс на Карлос Алкарас драстично ги зголеми шансите за Србинот годината да ја заврши како број 1 на АТП-листата.

Се чини дека рекордот од 400 недели како прв Ѓоковиќ ќе го оствари без проблем, веќе е јасно дека најмалку до 20 ноември ќе биде лидер, а тоа значи 399 недели.

Математиката вели дека ако Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз, тогаш на завршниот турнир во Торино ќе му треба само една победа за да биде број 1 на крајот на годината.

Од Алкарас веќе ништо не зависи, а и онака формата му е очајна.

- Оглас -

Најнови вести