Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран од Австралија!

Новак Ѓоковиќ доби дозвола од судот да влезе во Австралија и да тренира во пресрет на првиот гренслем-турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Србинот е деветкратен освојувач на престижниот турнир во Мелбурн и актуелен бранител на тронот.

Иако има дозовола за влез и сега нормално тренира, уште не е сигурно дека Србинот ќе игра на турнирот. Во последните два дена сè погласни се негодувањата против Ѓоковиќ, кој призна дека позитивен се шетал слободно додека бил во Србија.

Министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хоук, уште нема донесено одлука дали ќе го депортира Ѓоковиќ или не, но еден тамошен новинар најавува лошо сценарио за тенисерот.

Пол Бонџорно, кој често ја критикува Владата на Австралија, верува дека Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран од земјата.

„Слушнав дека Хоук утре ќе го исфрли Ѓоковиќ“, стои во статусот на новинарот.

- Оглас -

Најнови вести