Новак Ѓоковиќ нема да го памети Монте Карло по добро откако српскиот тениски ас беше елиминиран уште во второто коло. Тој доживеа пораз од Чилеанецот Алехандро Табило со 3-6, 4-6. Ова е вторпат по ред Табило да го совлада Ѓоковиќ, по победата лани во Рим (6-2, 6-3).
Иако е петти на светската ранг-листа, Ѓоковиќ не најде ритам на теренот. Губеше двапати свој сервис во првиот сет, а во вториот пресуден беше еден единствен брејк на Табило во третиот гем.
Чилеанецот не ја искористи првата меч-топка, но не му затрепери раката на свој сервис за победа.
По мечот, Ѓоковиќ отворено призна дека не знае што му се случува.
„Се надевав дека нема вака да биде, но постоеше голема шанса да одиграм вака лошо. Ужасен меч. Ужасно чувство. Жал ми е за сите што го гледаа ова. Не знам што ми се случи”, изјави тој искрено.
Дваесет и седумгодишниот Чилеанец во моментов е на 32-рото место на АТП-листата и има ефект само од три победи и девет порази оваа сезона. Но, кога станува збор за Ѓоковиќ, очигледно знае како да го надигра.