Ѓоковиќ ваква лоша серија немал четири години

Новак Ѓоковиќ синоќа беше елиминиран на Ролан Гарос откако во уште еден епски дуел загуби од Рафаел Надал. Со овој пораз Србинот прекина една убава традиција која ја имаше четири години.

За првпат по 2018 година Ѓоковиќ одигра три гренслем-турнири на кои не стигнал до трофејот. Од гренслемот во Лондон пред четири години тргна неверојатната низа на Србинот. Од 15 одиграни гренслем-турнири, Ѓоковиќ освои дури осум. Беше најдобар на Отвореното првенство на Австралија (2019,2020 и 2021), Ролан Гарос (2021), Вимблдон (2018, 2019 и 2021) и Отвореното првенство на САД (2018).

Ако Александер Зверев не го освои Ролан Гарос, Ѓоковиќ ќе остане на првото место на АТП-листата и на 6 јуни, но потоа сигурно ќе го загуби тронот на 13 јуни.

- Оглас -

Најнови вести