Ѓоковиќ вечерва треба да победи и да испише уште една тениска историја!

Завршниот АТП Мастерс турнир започнува денеска во Торино. Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу домашниот тенисер Јаник Синер и Стефанос Циципас, а за вечерва од 21 часот е закажан дуелот меѓу Новак Ѓиковиќ и Холгер Руне.

Токму мечот меѓу Ѓоковиќ и Руне може да биде историски. На Новак му е потребно да победи за да го обезбеди првото место на АТП листата до крајот на 2023 година. Тоа ќе биде осма година во која Србинот завршува на првото место на светската листа, нешто што не му успеало на ниту еден друг тенисер во историјата.

Освен што осма година ќе биде број 1 во светот, Ѓокоивиќ ќе ја надмине и магичната бројка од 400 недели поминати на врвот на АТП листата. Дури и да загуби Ѓоковиќ од Руне, ќе има уште две шанси за овој подвиг, затоа што овој турнир се игра во групна фаза и има три сигурни дуели.

„Покрај Гренд слемовите, ова е најважниот турнир во годината, затоа што тука се најдобрите осум играчи од целата сезона. Ова е единствен турнир кој се игра во групна фаза, што значи дека има простор и да се киксне на некој меч. Сепак, јас сакам да го повторам ланскиот успех кога имав пет победи во пет меча и го освоив трофејот. Главна цел ми е да ја завршам годината на првото место на АТП листата, а за тоа да го направам потребна ми е само уште една победа“, рече Ѓоковиќ.

Руне е еден од ретките тенисери кои може да се пофалат дека нема негативен биланс во дуелите со Ѓоковиќ. Досега имаат одиграно четири меча, а резултатот е 2:2 во победи.

„Не се плашам да играм против Новак, уживам да играм против него. Неверојатно е да се дели теренот со таква легенда“, рече Руне.

 

- Оглас -

Најнови вести