Ѓоковиќ викаше на својот тренер, бараше гледачи да бидат избркани од трибини, а на крајот се израдува на победа (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако со 3:1 во сетови го победи Енцо Куако од Франција. Во меч кој траеше речиси три часа, Ноле без проблем го доби првиот сет убедливо со 6:1, но тоа следуваа проблеми.

Србинот се пожали на повреда во вториот сет, тоа го искористи противникот, па Куако направи изненадување откако го доби вториот сет со 7:6. Сепак, тоа беше се што успеа да направи Французинот. Во третиот сет, Србинот повторно заигра на врвно ниво, го доби сетот со 6:2 и целосно го скрши отпорот на противникот. Последниот сет фаворитот го доби со убедливи 6:0. Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Григор Димитров од Бугарија.

Во текот на мечот, Новак во еден момент се налути на луѓето од неговиот табор и луто им се развика. Потоа во третиот сет, Ѓоковиќ имаше проблеми и со провокации од трибините. Неколку навивачи константно го деконцентрираа Србинот, па дури по жестоките протести на Новак, обезбедувањето на крајот ги избрка од трибините.

https://twitter.com/i/status/1616042492771860480

https://twitter.com/i/status/1616044732018491394

- Оглас -

Најнови вести