Ѓоковиќ во 2021 година заработи вистинско богатство

Покрај приматот за најуспешен тенисер во светот за 2021 година, Новак Ѓоковиќ е и најдоброплатен во овој спорт во годината која си заминува. Најдобриот тенисер во светот триумфираше на три од четирите гренслем-турнири (Отвореното првенство на Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон), а еднаш загуби во финалето, и тоа на Отвореното првенство на САД.

Ѓоковиќ во 2021 година од учества на турнири инкасираше вкупно 9,1 милиони долари и е далеку пред неговиот најголем ривал Данил Медведев, кој заработи 7,5 милиони долари.

Одлична заработка имаше и победникот на завршниот Мастерс во Торино и олимписки победник Александер Зверев со 6,4 милиони долари. Вкупно 38-мина тенисери во светот во 2021 година успеаја да заработат над еден милион долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести