Ѓоковиќ во Индијан Велс ќе игра и во дубл, изненади со изборот на партнер

Новак Ѓоковиќ одлучи на Мастерсот во Индијан Велс да игра и во двојки, не само во поединечна конкуренција.

Некои аналитичари сметаат дека ова е ризична одлука на Србинот бидејќи може да му наштети на обидот да го освои турнирот во сингл и наместо да ја чува силата и да се фокусира само на играта во сингл, тој ќе мора да игра дополнителни мечеви. Утре Новак ќе игра и во сингл и во дубл.

Во игра на двојки, Ѓоковиќ ќе биде во тандем со Гркот Стефанос Циципас со кој досега никогаш не играл заедно. Србинот и Гркот во првото коло ќе имаат тешка задача против Аревало и Павиќ кои се трети ноосители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести