Ѓоковиќ во Мајами е оној стариот, не дозволи да загуби сет ни по 2-5

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако вечерва со 6-3, 7-6 во четвртфиналето го елиминира Себастијан Корда.

Српскиот тенисер ја брка својата 100-та АТП титула во кариерата, а следен ривал ќе му биде Бугаринот Григор Димитров. Во другото полуфинале Чехот Меншик ќе игра со Тејлор Фриц или Матео Беретини.

Вечерва Ноле рутински го освои првиот сет, но во вториот имаше многу мака и направи голем пресврт во негов стил. Корда водеше со 5-2 во гејмови, но Ѓоковиќ не се предаде и како многупати досега, покажа дека е најопасен кога противниците мислат дека го турнале на колена.

Ѓоковиќ со победата стана најстариот полуфиналист во историјата на Мастерс 1000 турнирите, но целта му е да игра и финале и да го добие и тоа финале.

- Оглас -

Најнови вести