10.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Ѓоковиќ во никогаш подобра ситуација, му се насмевнува титулата број 101

Александер Зверев е последен во низата на фаворити кои го завршија својот настап на АТп турнирот во Шангај. Германскиот тенисер беше фаворит во дуелот против Артур Риндеркнеш и го доби првиот сет со 6:4, па делуваше дека лесно ќе оди во следното коло.

Сепак, Риндеркнеш не се предаде и ги доби следните два сета со 6:3, 6:2 за да го комплетира изненадувањето и да го елиминира третиот играч во светот според АТП листата.

Покрај Зверев, од турнирот во Шангај беше елиминиран и Јаник Синер, кој поради повреда го предаде мечот. Воопшто на овој турнир не учествува Карлос Алкарас кој е повреден, па сега со елиминацијата и на Зверев, едноставно се отвора патот на Новак Ѓоковиќ да стигне до трофејот.

Ѓоковиќ во кариерата има освоено точно 100 АТП титули, а ова е голема шанса да стигне и до 101 трофеј во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести