Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП 250 турнирот во Женева, и ако го добие тој меч, ќе ја освои 100-тата турнирска победа во кариерата.
Денеска во полуфиналето Новак славеше против Камерон Нори со 6-4, 6-7, 6-1. Во вториот сет Србинот испушти меч-топка, го загуби сетот во тајбрејк и тоа како да го налути, па го декласираше противникот во третиот.
Во 143-тото финале во кариерата, Ѓоковиќ ќе се сретне со Хуберт Хуркач против кој има 7-0 во меѓусебните дуели, а Полјакот уште нема загубено сет во Женева.