Пред својот прв натпревар на годинешниот „Ролан Гарос“, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја посети црквата Свети Сава во Париз. Тој таму со децата запали свеќи, а многумина присутни сакаа да се фотографираат со него, да го прегрнат и да му посакаат среќа на претстојниот турнир во градот на светлината.
Старешината на црквата, Прота Никола Шкрбиќ и претседателот на сојузот на Србите, Ѓуро Четковиќ, му ги објаснувале на Новак сите работи околу фрескописот во црквата.
Ѓоковиќ денеска попладне излегува на теренот „Филип Шатрие“, а прв противник му е Полјакот Хуберт Хуркач. Доколку го освои турнирот, Ѓоковиќ ќе биде првиот тенисер кој двапати во кариерата бил актуелен освојувач на сите четири гренд-слема.